| четврток, 6 декември 2018 |

Со еден билет гледајте го Вардар на квадрат

Навивачите на Вардар ќе уживаат викендов, а двата машки состави во црвено-црни бои ќе играат значајни натпревари во ракомет и во фудбал. Сопственикот е ист, Сергеј Самсоненко, па и одлуката со еден билет да можат да се следат двата натпревари, тој со Хамбург во ракометната Лига на шампионите и фудбалскиот против Шкендија е сосема логична.

Со купен билет за ракометниот спектакл в сабота од 18 часот, симпатизерите на Вардар ќе можат да го следат и дербито од Првата фудбалска Лига на Македонија со Шкендија, кое ќе се игра в недела од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top