| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестициски бум во сферата на патиштата

patista

Јавното претпријатие за државни патишта спроведува голем број проекти во Македонија, кои се очекува да бидат завшени го крајот на годината или почетокот на 2015 година. Ова го истакна директотот на претпријатието Љупчо Георгиевски во вестите на телевизијата „Сител“.

Акцентот беше ставен магистралниот пат Велес – Кадрифаково, каде во моментот се гради фтората фаза.

-Првата фаза чини околу 1,3 милиони евра средства обезбедени од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) со заем, и ако се додаде и осветлувањето кое е вклучено во населените места Сарамзалино и Лозово, тој износ достигнува до 1,4 милиони евра, рече Георгиевски.

Втората фаза од изградбата на магистралниот пат Велес – Кадрифаково, како што нагласи тој, треба да започне со градба до крајот на овој месец и истата ќе чини околу 355 милиони денари.

Тој додаде и дека во изминатите три до четири години имало околу 200 сообраќајни несреќи на оваа делница, која досега важеше за најопасната делница во Република Македонија.

-Со новиот проект, бидејќи станува збор за проширување на на самата траса негде од 6,3 до 11 метри се предвидува и ублажување на острите кривини, кои ги има 5 на втората фаза. Така да се е земено во предвид, согласно со проектот и се надевам дека ќе добиеме еден современа и брза магистрала, посочи Георгиевски.

Како што нагласи Георгиевски, Јавното претпријатие за државни патишта спроведува голем број на проекти низ државата, кои се очекува да бидат завршени до крајот на годинава или почетокот на 2015 година.

-Една од нив е делницата од Сончев град на која што моментално се работи, секако би ги напоменал тука и Белановце-Станчич премнот кон косовската граница на кој исто така моментално се работи, Арачиново – Липково, делот помеѓу Македонска Каменица и Делчево каде што се санираат некаде околу 7 километри, исто така и Штип – Кочани, Маврово – Дебар и многу други проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top