| четврток, 6 декември 2018 |

Маркоски во најталентираниот тим на Европа до 20 години, Радески му прави друштво во топ 16

Македонија секогаш имала одлични млади фудбалери, но, за жал, постојано ги губиме во периодот на преминување од младинска во сениорска конкуренција. Талентите не добиваат доволно шанси да играат во домашните фудбалски лиги, а потврда за квалитетот е изборот на Кире Маркоски во идеалниот тим на Европа за играчи до 20 години.

Крилото на Работнички, според изборот на „Фантагазета“, е меѓу најперспективните фудбалери на стариот континент, а рамо до рамо со него е десното крило на Металург, Марјан Радески, кој се најде во топ 16 најголеми таленти до 20 години.

Еве го комплетниот состав на најголемите надежи на европскиот фудбал, со Маркоски во идеалниот состав и Радески како резерва:

Идеален тим:

Китанов (Черно Море, Бугарија), Чамберс (Саутемптон, Англија), Суле (Хофенхајм, Германија), Костас (Селта, Шпанија), Деклан (Кардиф, Велс), МАРКОСКИ (РАБОТНИЧКИ, МАКЕДОНИЈА), Бакер (Ден Хаг, Холандија), Вилхена (Феенорд, Холандија), Холцер (Острава, Чешка), Перица (НАК Бреда, Холандија), Пашалиќ (Хајдук, Хрватска).

Резерви: Цана (Тирана, Албанија), Штепински (Видзев, Полска), Лимети (Лех, Полска), РАДЕСКИ (МЕТАЛУРГ, МАКЕДОНИЈА), Пјаца (Локомотива З., Хрватска).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top