| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван ќе го тестира Дарко Димитриевски, Ангеловски не е повикан

Дарко Димитриевски доби покана од селекторот Ивица Обрван да се појави на подготовките на сениорската репрезентација во Охрид на 1 април. Селекторот повика ракометари од екипите на Металург и на Вардар, како и четворица интернационалци.

Од интернационалците повикани се: Борко Ристовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков и Дарко Димитриевски. Левиот бек Димитриевски неодамна потпиша во АСОБАЛ -игата и веднаш се наметна меѓу најдобрите клупски стрелци.

Можеби очекувано, селектрот Ивица Обрван по каранацита на Европското првенство која ја имаше со Бранислав Ангеловски, реши да не го повика на престојните подготовки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top