
Бебе тешко речиси 20 килограми мора да биде на специјален режим на исхрана за да ја намали својата тежина. Момченцето Сантијаго од Колумбија има само осум месеци, но двојно потешка тежина од просечната.
Јунис Фендино, мајката на Сантијаго, бара медицинска помош за својот син бидејќи наслагите кои ги има по телото му оневозможуваат да се движи.

– Загрижена сум поради неговата дебелина – изјави таа.
Јунис додава дека не сака нејзиното дете да биде дебело и се надева дека со помош на лекарите, сѐ ќе биде во ред со бебето. Уште не е јасно каков третман ќе одредат лекарите за него, но сигурно дека ќе препорачаат повеќе овошје и зеленчук во неговата исхрана за да се зачува неговто здравје, првенствено срцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


