| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров го посети бебето кое беше оставено на паркиран автомобил

todorov-bebebe

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денес беше на Клиниката за детски болести, на Одделот за интензивна нега и лекување, каде што е хоспиталиизирано бебето кое беше пронајдено викенот на паркиран автомобил на улицата Никола Вапцаров, во центарот на Скопје.

Директорката на Клиниката за детски болести, доц. Др Аспазија Софијанова, го информираше министерот Тодоров за здравствената состојба на бебето и за мерките кои се преземаат за негово лекување. Бебето и понатаму останува на Одделот за интензивна нега и лекување  и се очекува понатаму да биде префрлено на неонатолошкиот оддел каде што ќе продолжи лекувањето.

Здравстевните власти и јавноста ќе бидат постојано информирани за здравствената состојба на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top