| четврток, 6 декември 2018 |

И пораз и црвени картони за Челси против Астон Вила

Лидерот во Премиерлигата Челси загуби со 0-1 на гостувањето во Бирмингем против Астон Вила, а да биде поразот уште потежок се погрижија и невнимателните Вилијан и Рамиреш, кои предвреме го завршија мечот.

Делф во 83 минута го постигна голот за три бода на Вила, а во тој момент гостите од Лондон имаа десет играчи. Вилијан беше исклучен претходно, а во самиот финиш и Рамиреш замина во соблекувалната поради црвен картон.

Челси остана на врвот во англиското првенство со 66 бода од 30 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top