Фудбалската федерација на Македонија ќе одржи комеморативна седница во чест на трагично загинатиот директор на на македонската репрезентација, Петар Милошевски, утре од 12 часот. Комеморацијата ќе се одржи во „Сити хол“ во Скопје.
Во просториите на ФФМ е отворена книга на жалоста, во која сите љубители на фудбалот можат да ја искажат последната почит за трагично загинатиот македонски голман.
Погребот на поранешниот македонски репрезентативец Милошевски ќе се одржи на градските гробишта „Бутел“ в недела, 16 март, во 12.30 часот, а еден час порано посмртните останки ќе бидат изложени во капела.
Трагичниот настан доведе до одложување на прволигашкиот натпревар меѓу Пелистер и Македонија ЃП за да можат и битолчани да му оддадат последна почит на својот сограѓанин, а сите останати мечеви викендов ќе почнат со едноминутно молчење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.