| четврток, 6 декември 2018 |

Вардаровите легенди во еден глас: Не сме имале подобар човек од Петар во клубот

Двете големи Вардарови легенди, Кочо Димитровски и Мирко Петров, во еден глас велат дека подобар човек од Петар Милошевски не дошол во клубот.

Со тага на лицето и во гласот, тие говорат за квалитетите на трагично загинатиот поранешен репрезентативец на Македонија и член на Вардар.

– Го паметиме кога дојде во клубот. Веднаш ги освои срцата на сите во Вардар, со кроткоста, со чесниот однос, со квалитетот и дисциплината. Никогаш немавме проблеми со него, беше вистински професионалец – велат Димитровски и Петров.

Тие во периодот кога Милошевски бранеше за Вардар (во средината на деведесеттите години од минатиот век) беа дел од младинската школа на „црвено-црните“, како тренери на младите категории фудбалери.

– Ова е вистинска трагедија за македонскиот фудбал. За жал, си замина нашиот Петар, еден од најдобрите голмани што ги имала Македонија. Сочуствуваме со неговото семејство – ни изјавија Димитровски и Петров.

Синоќа нешто пред полноќ во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка – Куманово, Милошевски го загуби животот, а со повреди минаа и претстедателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиоски и уште 3 лица. Милошевски во последните две години беше директор на репрезентацијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top