Македонскиот првак Вардар вечерва во Цетиње ќе игра за прекин на незгодната серија од два порази во СЕХА-лигата, а противник е црногорскиот претставник Ловќен.
Натпреварот е закажан за 18 часот, а е мошне значаен за скопјани во битката за да се обезбеди настап на завршниот турнир во Нови Сад. Вардар има 28 бода на четвртата позиција, пред Металург со ист број бодови, но и меч за одигрување, токму вечерашниот во Цетиње.
– Квалитетот е на наша страна, но тоа не смее да нѐ залаже. Ловќен игра по системот топло-ладно, а знам дека се мошне незгоден противник, особено кога играат пред своја публика. Вардар секако ќе оди на победа што е многу значајна и за прекин на серијата од два порази, но и за пласман на завршниот турнир – изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.
Ловќен е претпоследен на табелата со 11 бода и нема никакви шанси за позначаен напредок во ова издание од СЕХА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.