Претседателот на Интер Ерик Тохир официјално потврди дека српскиот фудбалер Немања Видиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на миланскиот тим.
Договорот на Видиќ со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезонава и на лето тој како слободен играч заминува во Милано.
– Видиќ е фудбалер од светска класа. Тој со своето искуство и харизма многу ќе ни помогне да го оствариме нашите планови, а очекувам да биде пример за младите и еден од главните столбови на новиот Интер, изјави претседателот на клубот Ерик Тохир.
Видиќ професионалната кариера ја започна во Црвена Звезда, а пред Манчестер Јунајтед играл и за Спартак Москва, Спартак Суботица.
Со неговиот сегашен клуб ја има освоено Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и Клупското светско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.