Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски денеска ќе се дружи со македонските репрезентативци и ќе биде присутен на тренингот, последен пред утрешниот пријателски дуел со Летонија. Стефановски одговорил на повикот на селекторот Бошко Ѓуровски и ќе биде дел од репрезентацијата како гостин.
Ова е новитет во нашата селекција, а се надеваме дека рок-музичарот од култната група „Леб и сол“ ќе биде таличен за Тричковски, Ибраими, Попов и за останатите македонски репрезентативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.