| четврток, 6 декември 2018 |

Само што дознала дека е бремена, се породила

bebe

Жената од Мичиген, САД, мислела дека не може да забремени по инфекцијата и операцијата на абдоменот пред две години. Кога таа минатата недела отишла во болница со подуен стомак, докторите мислеле дека има хернија – сѐ додека скенот не открил дека е бремена, а со ултразвук било утврдено дека бебето е подготвено за да го види светот.

Веднаш ѝ била направена операција, а шокираната и пресреќна Линда, заедно со подеднакво шокираниот и среќен сопруг Мајк, го пречекала своето „бебе-чудо“, девојчето Кимберли Кеј.

Извор: мкд.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top