| четврток, 6 декември 2018 |

Време е за фудбал во Македонија, продолжуваат натпреварите во домашните првенства

Време е за фудбал во Македонија, по долгата зимска пауза од три месеци, викендов почнуваат натпреварите во домашните првенства, а в среда ќе игра и репрезентацијата против Летонија.

Во Првата лига на распоред е 20. коло, прво пролетно коло во кое ќе се играат две дербија. Во Скопје ќе играат Работнички и Пелистер, а во Штип, на Брегалница ќе ѝ биде гостин есенскиот првак Турново.

Шампионатот би требало да биде интересен и во битката за титулата и местата што водат во еврокуповите, но и за опстанок. Од следната сезона ќе се менува форматот на натпреваување и Првата лига ќе брои 10 клуба наместо сегашните 12. По првиот дел во кој се одиграа 19 кола, Турново, Вардар и Пелистер се на делба на првата позиција со по 34 бода, зад нив е Работнички со 31, а на шампионакста круна ќе атакува и Металург, кој заостанува зад водечкото трио за 4 бода.

И во долниот дел на табелата е вистински „метеж“ во битката за опстанок, па оттаму овој шампионат ќе има посебен шмек. Титулата ја брани Вардар, клуб што првпат е во приватна сопственост откако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко го купи најтрофејниот македонски колектив за 81.000 евра.

Распоред за натпреварите од 20. коло: Напредок – Вардар, Работнички – Пелистер, Шкендија – Македонија Ѓ.П., Гостивар – Еуромилк, Металург – Ренова, Брегалница – Турново.

Табела: Турново, Вардар и Пелистер по 34 бода, Работнички 31, Металург 30, Ренова 27, Еуромилк и Шкендија по 23, Брегалница 22, Македонија Ѓ.П. 19, Напредок 13, Гостивар 11.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top