| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко ќе се кандидира за претседателските избори во Украина

klicko

Лидерот на протестантите во Украина, Виталиј Кличко, денеска најави дека ќе се кандидира на претседателските избори.

– Ќе бидам на гласачките ливчиња за местото претседател на Украина – изјави познатиот опозиционер и поранешен светски шампион во бокс.

Кличко е лидер на украинската Демократска алијанса за реформи и пратеник во Парламентот.

На претходните избори беше кандидат за претседател. Во Украина денеска официјално почна кампањата за предвремените претседателски избори, кои треба да се одржат на 25 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top