Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека сè уште не одлучил дали ќе се кандидира за нов мандат на изборите во март 2018 година, иако се очекува да побара нов мандат од граѓаните.
„Не само што не сум одлучил на кого ќе му се спротивставам, не сум одлучил ни дали воопшто ќе се кандидирам“, рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање против кого ќе се бори на изборите.
Зборувајќи на енергетскиот форум во Москва, тој рече дека кандидатите за претседател треба да ги објават своите одлуки до крајот на ноември или почетокот на декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.