Антура од Кочани ќе продава расади на орхидеи на странските пазари, првенствено на западно-европските. Инвестицијата се проценува на 6 милиони евра…, објави МРТ. На самиот влез на Кочани речиси една до друга ќе се простираат погоните на американската компанија Амфенол и холандската Антура. Багерите, машините, камионите, интензивно го рамнат теренот каде што Холанѓаните ја градат фабриката за украсно цвеќе. Со инвестицијата која се проценува на 6 милиони евра, ќе бидат вработени 300 лица.
-Кога се зема во предвид оваа инвестиција, заедно со американската Амфенол, гледаме дека има голема перспектива во Кочани, за вработување, за иднината на младите. И за дополнително вклучување и на домашните компании во вакви проекти, истакна Веле Самак- министер без ресор за привлекување странски инвестиции.
Антура од Кочани ќе продава расади на орхидеи на странските пазари, првенствено на западно-европските.
Плановите се до крајот на летото да завршат градежните работи во холандската фабрика, а по обуката на менаџментот во Холандија да започне и пробното производство.
Веќе од крајот на годината за странство треба да заминат првите орхидеи од кочанската почва. Градоначалникот, Ратко Димитровски планира искористување на постојните напуштени погони, но и урбанизација на нови индустриски зони за идни инвеститори.
-Правиме напори да главниот проблем во Општината, невработеноста, го сведеме, ако ништо друго, туку на ниво на Македонија, ако не и подолу, вели Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Во кочанскиот регион невработени се над 6.000 граѓани, најголемиот дел од нив се над 50 годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар