| четврток, 6 декември 2018 |

„Без паника“ утре премиерно на сцената на Битолски театар

Народниот театар – Битола денеска ги претстави режисерот, драматургот и актерите што ја подготвија претставата „Без паника“, чијашто премира ќе биде изведена утре на т.н. ротациска сцена на битолскиот театар. Станува збор за комедија посветена на периодот од деведесеттите години од минатиот век, проблемите на мажите и што очекува општеството од мажот, посочи Благој Мицевски кој се потпишува како режисер во оваа претстава.

– Темата е дел од финската современа драматургија, која сакавме да ја доближиме до нашите проблеми во општеството. Тоа е современ текст на Мика Мулуахо и е дел од една трилогија пишувана во 2005 година. „Паника“ е првиот дел кој е посветен на мажите во општеството, вториот дел се вика „Хаос“ и се занимава со жените во општеството, а третиот дел се вика „Хармонија“ и го сочинуваат неколку брачни двојки – појасни Мицевски.

Во „Без паника“ ќе настапат актерите Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски и Александар Копања.  Драматург е Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ.

На денешниот прес во НУ Народен театар – Битола беше истакнато дека во театарот почна подготовката на две нови театарски претстави, едната со режисерката Мариолеин Биренс од Холандија, а другата ќе ја подготвува режисерот Диего де Бреа од Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top