Работниците на УНХЦР пронашле четиригодишно момче, бегалец од Сирија, како само талка низ пустината. Тоа им било вратено на родителите, кои успеале да избегаат во Јордан, соопштиле од Обединетите нации.
Момчето по име Марван некако се одвоило од својата мајка додека бегале од Сирија. Него го забележале работниците на Обединетите нации како само талка низ пустината, само со пластично кесе во раката.
Ова е само едно од милионот деца што морале да избегаат од Сирија за да се спасат од ужасот на војната. Сѐ на сѐ, над два милиони луѓе избегале од оваа земја, а повеќето завршиле во Јордан, како Марван и неговото семејство, пишува Дејли мејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.