Вкупно 21 припадник на навивачката група „Комити“, од кои 12 малолетници, се уапсени поради инцидентот на ракометниот натпревар Вардар – Металург во кој сериозно беше повреден еден полицаец.
Според МВР, вчера во 17 часот е пријавено дека во автобусот број 2 група од 40 лица навивачи на навивачката група „Комити“ без повод и причина физички нападнале неколку малолетни лица и извршиле оштетување на автобусот. Исто така, во времето од 18 до 19.45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ за време на меѓународниот ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар“ од Скопје и РК „Динамо Минск“ од Украина, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу група навивачи од навивачката група „Комити“ и со фрлање ситни предмети кон гледалиштето и натпреварувачкиот простор.
При интервенција на полицијата, од страна на група навивачи УПС се омаловажувани со погрдни и навредливи зборови, при што од еден учесник во групата со тврд предмет во пределот на главата бил удрен полициски службеник и истиот се здобил со телесна повреда. По преземени мерки во врска со двата настана приведени се 21 лице, од кои 12 малолетни. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.