Македонските државјани кои живеат во странство имаат рок до 7 март да се пријават за гласање напретседателските избори, во македонските дипломатски претставништва
или преку интернет страницата на Државната изборна комисија.
Павле Саздов, пратеникот од американската изборна единица, кој е во посета на САД и Канада, вели дека на средбите со граѓаните најголем број од поставените прашања се за начинот на гласање.
– Во Северна Америка ќе се гласа во двете амбасади, во Вашингтон и во
Отава, како и во конзуларните претставништва во Њујорк, Чикаго, Детроит и Торонто. Откако изборите беа распишани, до заклучувањето на избирачкиот список, граѓаните треба да се пријават за гласање, така што ќе отидат до најблиското дипломатско претставништво, каде ќе пополнат пријава за гласање, и воедно ќе остават копија од македонскиот пасош и од документ со кој ќе покажат како престојуваат во САД или во Канада – значи копија од визата, зелената карта или од странскиот пасош доколку се двојни државјани, вели Саздов.
Другиот начин за пријавување за гласање е преку интернет страницата на Државната изборна комисија http://www.sec.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=100&Itemid=105,
http://www. каде може да се симне пријавата за гласање, која содржи и информации како граѓанинот може да се пријави за гласање.
Пополнетата пријава, заедно со скенирани копии од македонскиот пасош и од документот со кој се докажува привремен престој или работа во странство, потоа треба да се испратат на интернет адресата на Државната изборна комисија.
За македонските граѓани во Северна Америка интернет адресата на која
треба да се пратат е prijava8@sec.mk.
Претседателските избори закажани за 13 април ќе бидат првите на кои
македонската дијаспора ќе има право на глас. Гласањето во дијаспората ќе се одржи еден ден претходно, на 12 април. Пратеникот Саздов вели дека за секое гласачко место на кое ќе има над 1.000 пријавени гласачи, ќе се отвори дополнително гласачко место, односно ќе се испрати уште една изборна комисија, за да се овозможи полесно гласање.
Саздов е на средби со македонската дијаспора во Чикаго, а следната недела ќе одржи средби во македонските цркви во Детроит и Виндзор. Почнувајќи од 21 февруари, Саздов ќе одржи средби со граѓаните во Њујорк и Њу Џерси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?