| четврток, 6 декември 2018 |

Чудни правила за користење на тоалетите во Сочи

Спортистите и новинарите што пристигнаа на Зимските олимписки игри во Сочи се соочуваат со серија чудни забрани во тоалетите на спортските комплекси, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Ограничувањата се илустрирани со слики за да бидат разбирливи за сите. Канадскиот сноубордер Себастијан Тутан ги сними со мобилен телефон и ги закачи на „Твитер“, каде што станаа предмет на потсмев.

Илустрираните забрани покажуваат дека мажите, спортисти и гости на олимписките игри, не смеат да уринираат стоејќи над тоалетот. Забрането е качување и стапнување врз тоалетната школка, како и повраќање и дрогирање во тоалетните кабини.

Најчудна од сите забрани е илустрацијата со која се забранува ловење на нешто од тоалетот со трска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top