Руската штафета во брзо лизгање на 5.000 метри го освои првото место на синоќешната финална трка и постави нов рекорд на Олимпијадите. Рускиот тим го сочинуваа Виктор Ан, Семен Елистратов, Владимир Георгиев и Руслан Захарков.
Времето на победничката штафета беше 6:42.100 минути. За натурализираниот руски репрезентативец Ан ова беше трето злато на Олимпијадата во Сочи.
Тој победи и на трките од 500 и на 1.000 метри, а на 1.500 освои бронза. Претходно, на ЗОИ во Торино (2006 година) овој лизгач настапуваше под знамето на Јужна Кореја и тогаш освои четири медали.
Второто место и сребрениот медал во оваа дисциплина го освои селекцијата на САД. Американците остварија вкупно време 6:42.371 минута. Бронзениот медал отиде кај репрезентативците на Кина кои патеката ја минаа со време
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.