| четврток, 6 декември 2018 |

Една од најубавите спортистки нема веќе никогаш да прооди

Тажна вест пристигна од специјалистичката клиника во Минхен во која по тешкиот пад на Олимписките игри во Сочи се опоравува Марија Комисарова. Руската акробатска скијачка трајно е парализирана и веќе никогаш нема да може самостојно да оди, објавија лекарите.

23-годишната скијачка на 15 февруари во Сочи доживеа тежок пад од кој го скрши 12. пршлен на ’рбетот. Комисарова беше веднаш оперирана во болницата во Краснаја, а потоа префрлена во клиника во Минхен, каде што ѝ беа извршени уште неколку операции.

За жал, фрактурата на ’рбетот која ја здобила по падот на тренингот била премногу сериозна.

– Поради тежината на повредата не дошло до регенерација на функциите на каналот од ’рбетот. Марија ќе може да се движи само со помош на посебни медицински помагала – стои во соопштението на лекарите.

– Не чуствувам ништо од струкот надолу. Но, јас сум јака! И знам дека еден ден повторно ќе застанам на нозе – напиша руската скијачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top