Хокеј турнирот на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година ќе биде драстично ослабен, откако најсилната професионална хокеј лига на мраз, НХЛ одби да ги ослободи играчите за нивните настапи во репрезентацијата. НХЛ истакна дека нема простор да се прекине лигата три недели, а една од пречките секако се и финансиите и обврските кон спонзорите.
Така, ова ќе биде првпат од 1994 година, на еден олимписки турнир да нема играчи од НХЛ. На претходните Олимписки игри во Сочи, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) на НХЛ ѝ плати околу 14 милиони долари за осигурување и патни трошоци за хокејарите кои настапија, но според информациите, ИОК сега не сакал да го стори истото.
Според одредени информации на НХЛ ѝ биле понудени и услови во кои би добиле и дел од телевизиските права, со што би се компензирале спонзорските договори, но и овој предлог не бил прифатен, по што пропаднале комплетно преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.