Со пари од Програмата за рурален развој при Министерството за земјоделство ќе биде доизграден локалниот пат од Браната Подлес до селото Подлес во општина Градско.
Почетокот на градежните работи ги означија заменик министерот Зоран Коњановски и градоначалникот на Општина Градско Жанета Чаушевска. Доизградбата на патот во должина од 1.160 треба да биде завршена за 90 дена. Изградбата на патот од браната Подлес до село Подлес е вреден девет милиони денари. Градоначалничката Чаушевска потенцира дека доизградбата на патот од брана Подлес до село Подлес е многу значајно за општина Градско.
– Овој проект е многу важен не само затоа што жителите од Подлес ќе се поврзат со подобар пат, туку им се помага за непречен проток на стоки и услуги, како и добивање здраствените услуги. Воедно на жителите од ова подпланинско село Подлес каде во зима има и поголеми наноси од снег, а кои главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и пчеларство со доизградбата на патот ќе им се овозможи и квалитетен транспорт на репроматеријали и готови стоки, рече Чаушевска. Таа додаде дека е значајно и затоа што селото е дел од планинскиот масив Клепа кое е и омилено излетничко место за жителите од Градско со еколошки чиста природа и вештачко езеро. Со доизградба на патот, истакна, ќе го направиме попристапно и за останатите жители од Македонија, а со што ќе се овозможи и развој на селскиот туризам и можност за лов и риболов и рекреација во чиста природа.
Во општина Градско преку оваа програма, која обезбедува 1,45 милијарди денари за 134 проекти во 73 општини, се финансираат два проекта. Вториот проект за Општина Градско урбанизација на Општината. Коњановски истакна дека и овој втор проект е многу важен за жителите на оваа општина, бидејќи со него ќе се добие поголема вредност на имотите и иден развој на Општина Градско.
– Со овие два проекта, во многу ќе се придонесе за подобрување на животот на населението во реонот на Општина Градско, а ние како Министерство и понатаму преку оваа програма ќе помагаме за вакви и слични проекти- рече Коњановски.
Дел од средствата од оваа Програма за рурален развој, се користат за набавка на механизација, стока и друга опрема, а за кои 50 отсто од сумата се враќаат на земјоделците, еден дел се за изградба на патната инфраструктура, а третиот дел за изградба на системи за наводнување, кои се многу важни за равој на земјоделството во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Коњановски: ВМРО-ДПМНЕ ги спаси од колапс водостопанските заедници
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно