| четврток, 6 декември 2018 |

Коњановски: ВМРО-ДПМНЕ ги спаси од колапс водостопанските заедници

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите, a денеска се одржа панел дискусија на тема  „Поголема децентрализација на поранешните водни капацитети“. На настанот говореше Зоран Коњановски, кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт ја спасил од колапс оваа дејност, поради лошиот закон кој бил донесен во 2003 година.

Ситуацијата, како што кажа Коњановски, била спасена со формирање на АД Водостопанство, откако претходниот закон предвидувал околу 120-130 водни заедници, закон против кој биле и земјоделците и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи земјоделците немале средства да ги одржуваат.

– За жал, се повеќе и повеќе тонеа тие системи за водостопанство, немаше кадри кои водните централи можеа да ги користат, немаше градежни хидро инженери, нема хидротехничари, немаше проектна документација, не знаеа како да ги поправат дефектите. Секој се снаоѓаше како можеше и дојдовме до тотална колапс ситуација, изјави Коњановски.

Тој кажа дека сега пратениците ќе бидат исправени пред предизвикот дали да направат национализација или функционална децентрализација, според неговите зборови подобра е втората варијанта, бидејќи со законот се укинаа сите водни здруженија, меѓутоа постојат некои кои сами си го изградиле системот и не е фер да им биде одземен. Жителите на село Крани инсистираат сами да управуваат со системот, зошто сами го направиле системот, но поради периодот пред избори не можел да се смени законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top