| четврток, 6 декември 2018 |

Од Македонија изнесени 4,6 милијарди долари за девет години

dolari

Четири милијарди и 600 милиони американски долари е сумата што од Македонија незаконски е изнесена преку разни начини на финансиски трансакции во периодот од 2001 до 2010 година. Се работи за процена на украдени пари преку криминал, корупција и разни начини на даночна евазија. Во оваа сума не влегуваат парите украдени преку криминал, корупција и даночна евазија во готово.

Ова се вели во извештајот на Глобал фајненшл интегрити од Вашингтон, пренесува порталот МКД.МК.  На ранг-листата од 143 земји, Македонија е на 73-тото место. Интересно е тоа што податоците за оваа ранг-листа се собрани преку истражувањата на експертите на оваа организација, преку податоците на Светската банка, но и преку институциите надлежни за борба против корупцијата и криминалот во секоја земја посебно. На мапата Македонија е означена како земја за која нема податоци од домашните надлежни институции, како на пример од обвинителството, од Агенцијата за перење пари, МВР…

На оваа ранг-листа од регионот се и Србија ( 51,44 милијарди долари),Хрватска (15,25 милијарди долари), Црна Гора (10,42 милијарди долари), Босна и Херцеговина (8,36 милијарди долари), Бугарија (15,8 милијарди долари), Албанија (1,36 милијарди)…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top