Неодамнешното британско истражување покажа дека жените почнуваат да се претворуваат во своите мајки кога ќе наполнат 31 година, објавува порталот „Њутајм. мк“. Анкетата открива дека жените со своето однесување и однос на вкусовите се повеќе наликуваат на мајките, кога ќе ве зачекорат во четвртата деценија од животот, а дека главната пресвртница е раѓањето на првото дете. Повеќе од половина од испитаничките изјавиле дека престанале да им се спротиставуваат на своите мајки и почнале да се однесуваат како нив по 30-та година.
Заклучок од истражувањето е дека клучна година за овие промени е 31-та. Педесет и еден процент од 1000 испитанички, кои биле отфрлени со истражувањето, изјавиле дека нивната мајка е жена која е олицетворение на се она што го сакаат во животот. На второто место е сестрата (18 отсто ), на трето бабата ( 10 отсто ), а на четврто другарките ( 8 отсто ).
Повеќе од една третина од нив изјавиле дека најмногу се зближиле со мајката по раѓањето на првото дете. Дека жените се повеќе наликуваат на совите мајки по 31-та годината, покажува и податокот дека тогаш почнуваат да уживаат во истите ТВ емисии и серии ( 24 отсто ), дека имаат исто хоби ( 16 отсто ) користат исти изрази ( 15 отсто ) и дека ги привлекуваат исти типови на мажи ( 10 отсто ).
Истражувањето го нарача компанијата „Доти Бинго“, откако претходно во анкетата е утврдено дека 80 отсто од жените, кои играат бинго ова хоби го наследиле од своите мајки, баби или од други женски роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.