| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер ја сврти плочата, Арсенал преговара со ветераните Клосе и Калстром

Големата надеж на германскиот фудбал Јулијан Дракслер нема да го засили Арсенал бидејќи раководството на Шалке 04 не го продава 20-годишниот фудбалер за сума од 37 милион и фунти, па Арсен Венгер реши да ја смени тактиката. Во последниот ден од зимскиот преоден рок, францускиот менаџер на клупата на „топчиите“ е во завршни преговори со ветераните Ким Кластром и Мирослав Клосе.

Цел е да се засили офанзивниот дел од играта на второпласираната екипа во Премиерлигата, а малку е чудно, неочекуваната промена на тактиката на Венгер. Швеѓанецот Калстром има 31 година и тој е речиси сигурно нов член на Арсенал, а Клосе има цели 35 години и со него преговорите се уште не се завршени.

Венгер е познат по одличната работа со младите фудбалери, има неверојатно чувство за да открие талент, но сега приоритетот се менува. Арсенал има шанса да ја освои титулата во Премиерлигата, води „мртва трка“ со лидерот Манчестер сити, со Челси и Ливерпул и сега е потребно и искуство. Нападот е најтенкиот дел од ростерот на Арсенал и затоа цел се Клосе и Калстром. Шведскиот репрезентативец игра за Спартак Москва, а германскиот напаѓач е член на Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top