Скромниот квалитет на домашното првенство уште еднаш се потврди со најновиот трансфер на најдобриот фудбалер во Македонија, Дејан Блажевски и неговата преселба во азербејџанскиот шампионат. Напаѓачот на Хоризонт Турново до 2015 година ќе биде член на Хазар Ланкаран, тим што доскоро го предводеше Џон Тошак, поранешниот македонски селектор. Во Хазар игра македонскиот репрезентативец Никола Глигоров, а на нашето дуо тренер ќе им биде Мустафа Денизли, турскиот тренер што ги има предводено трите гиганти, Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ, а беше и селектор на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.