| четврток, 6 декември 2018 |

Хотелска соба во средината на Индиски Океан (видео)

Дали сакате да отпатувате во некоја далечна егзотична дестинација? Ако одоговорот е потврден, а уште и ако добро стоите финансиски, тогаш не смеете да го пропуштите комплексот „Мана рисорт“, кој се наоѓа крај источниот брег на Африка на островот Пемба.

Ова танзаниско одморалиште во понудата има и единставна услуга за изнајмување: апартман насреде Индиски Океан, кој нуди неверојатно доживување.

mantaresort-fejs

Апартманот се наоѓа четири метри под вода, а цената за ноќевање се движи меѓу 900 и 1.500 долари.

Тој има три нивоа: тераса над водата каде туристите обично се сончаат, а ноќе ги гледаат ѕвездите на небото, дневна соба и бања на ниво на океанот и спална соба од стакло на четири метри под водата.

Сместувањето во овој единствен апартман е резервира со месеци однапред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top