Англичаните оваа година се решени да дојдат барем во топ 10 песни на Евровизија, а како што пишува британскиот таблоид „Сан“, нив ќе ги претставувал Гери Халивел, една од членките на бендот „Спајс Грлс“.
Наводно Гери е на врвот на листата од кандидати кои ББС ги гледа како потенцијални изведувачи на Евровизија 2014 кој ќе се одржи во мај во Копенхаген.
– Ако победи дефинитивно ќе стане легенда, а ако не успее да се пласира високо тоа ќе биде уште еден срамен момент – вели извор за магазинот „Сан“.
Со оглед на тоа што бендот „Спајс Грлс“ дефинитивно нема да се враќа на сцената, веројатно Гери би се согласила да пее, но дали тоа навистина ќе се случи останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение