| четврток, 6 декември 2018 |

Мата пристигна со хеликоптер за да стане „црвен ѓавол“ во Манчестер

Хуан Мата веќе е на прегледи во Манчестер и прашање е само на време кога ќе потпише договор со Јунајтед, за сума од 37 милиони фунти. Досегашниот играч на Челси допатува во Манчестер со хеликоптер, а му беше дозволено да го пропушти утринскиот тренинг со „црвените ѓаволи“ за да може навреме да ги заврши медицинските прегледи.

Мата е првото зимско засилување на Манчестер јунајтед, а се очекува да дебитира идната недела на дуелот со Кардиф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top