| четврток, 6 декември 2018 |

Мислела дека вагата се расипала: родила бебе тешко речиси седум килограми

bebe 7 kila

Ендрју Џејкоб Сервантез воопшто не е обично бебе. Ова момченце се роди тешко речиси седум килограми и се најде на листата на најтешки родени бебиња во светот.

Неговата мајка Венесеа не можела да верува кога ѝ кажале дека нејзиното новороденче има 6,8 килограми. Барала да проверат да не има некоја грешка или да не е вагата расипана. Но, Ендрју, навистина, тежел 6,8 килограми.

Неговата мајка и порано родила прилично големи бебиња. Првото бебе тежело 4,4 килограми, а второто 4,8 килограми. Сепак, ова е рекорд.

Лекарите во медицинскиот центар „Дезерт валеј“ во Калифорнија веруваат дека малиот Сервантес би можел да биде најтешко бебе што се родило во нивната болница.

Веднаш откако се родил, Ендрју со хеликоптер бил пренесен во друга болница поради проблеми со дишењето.

Најтешкото бебе роденото воопшто е еден мал Италијанец, кој се родил во 1995 година со неверојатни 10,2 килограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top