Триесет годишна жена се породи на паркинг во Скопје. Утринава околу 10 часот на паркингот во близина на маркетот „Бриколаж“ наспроти Кванташки пазар родила живо женско дете, дознава „zdravstvo24.mk“ од сведок на несекојдневниот настан. Веднаш била повикана Брза помош. Екипата стигнала навреме за да ја пресечат папочната врвца и да им укажат помош на родилката и новороденчето да не добијат инфекции. Со амбулантно возило мајката и бебето биле пренесени на скопските клиники. Жената била примена на Клиниката за гинекологија, а бебето е хоспитализирано на Детската клиника, потврдуваат за zdravstvo24 од Итната медицинска помош. Од службата додаваат дека на повикот за породување во близина на маркетот „Бриколаж“ екипата стигнала за неколку минути и покрај тоа што во истовреме имало неколку повици за итни случаи. Инаку жената имала уште пет деца, ова и било шеста рожба. За две години ова е трето породување на улица и на паркинг во кој асистираат екипи на Брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)