И без првиот стрелец на Европското првенство во Данска, Кирил Лазаров, Mакедонија одигра одлично прво полувреме против актуелниот светски првак Шпанија, а продолжението ќе го почнеме со негатива од 3 гола, 12-15.
Играта во одбраната ни беше проблем, особено на линијата од 6 метри, па му дозволивме на Јулен Агинагалде и на Жоан Канејас да ни дадат вкупно 8 гола, или повеќе од половина на целата шпанска репрезентација. Во нападот одигравме неочекувано добро, комнбинаторно, со атрактивни акции, кои најчесто со убави голови ги завршуваа Столе Стоилов кој постигна 3 гола и Филип Миркуловски со еднаков ефект.
Добро играат и Митков, Манасков и Прибак, а новиот систем на селекторот Ивица Обрван изгледа одлично, барем според прикажаното во првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.