| четврток, 6 декември 2018 |

Очекуван потег на Обрван, Ангеловски нема да игра против Шпанија

Очекувано, селекторот Ивица Обрван го елиминира „бунтовникот“ Бранко Ангеловски од репрезентацијата на Македонија за утрешниот дуел против актуелниот светски првак Шпанија, што ќе се игра во Хернинг, Данска, од 16 часот.

Ангеловски упати јавна критика за доделувањето македонски пасоши за Прибак и Вугринец до раководството на Ракометната федерација на Македонија, а го „нападна“ и Обрван по мечот со Исланд.

Секој може да каже што сака, бидејќи ова сепак е демократско општество. Ангеловски немаше ниту доблест утрово да седне да поразговара со мене, така што сега слободно можам да кажам дека тој нема да игра на утрешниот меч. Исто така, се додека сум јас селектор на Македонија, тој нема повеќе да биде повикуван во националниот тим“, е изјавата на македонскиот селектор Обрван, за спортскиот портал „Екипа“ од лице место, од Хернинг.

Ангеловски беше дополнитено повикан во репрезентацијата на Македонија, по повредите на Наумче Мојсовски и на Филип Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top