| четврток, 6 декември 2018 |

Кирил Лазаров: Дуелот против Шпанија е специјален момент за мене на ЕП (фото)

Кирил Лазаров е лидер на листата на стрелците на Европското првенство во Данска, тој е и еден од најдобрите десни бекови на планетата, што беше доволен предизвик за новинарите кои работат за ЕХФ да минат еден ден со него и да направат репортажа од Хернинг.

Kiril Lazarov 2

Претставен како најдобар македонски ракометар на сите времиња, Лазаров одговараше на прашањата на Бјорн Пазен, новинар кој долги години работи за Европската ракометна федерација.

„Мечот со Шпанија за мене е специјален. Играм за Барселона и добро ги познавам шпанските репрезентативци. Знам како играат и можам да помогнам при анализата пред последниот дуел на Македонија во втората фаза по групи“, вели Кире. Натпреварот против актуелниот светски првак Македонија го игра утре од 16 часот.

kire lazarov

Капитенот на македонската репрезентација типува на четворката Данска, Шпанија, Франција и Хрватска како најсериозни кандидати за пласман во полуфиналето, а вели дека Седрик Сорхаиндо, неговиот соиграч во Барса од француската селекција ќе се радува на златото.

Kiril Lazarov 5

„Седрик ми е сосед во Барселона и мислам дека тој ќе се радува на златниот медал. Има доста мои соиграчи од Барса во сите селекции на Европското првенство, а и давам најголеми шанси на Франција за шампионската титула и мислам дека можат да ја надиграат Данска во завршниот меч“, изјави Лазаров.

Kire lazarov 1

Комплетното интервју можете да го прочитате овде.

 

Фото: Урош Хочевар – ЕХФ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top