| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалува бројот на убиства во Македонија

police12

Во Македонија се намалува бројот на убиства, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според нивните податоци, намалувањето на убиствата е тренд веќе неколку години. Во 2012 година биле регистрирани 28 дела, а лани намалувањето изнесува за 29 проценти или 20 кривични дела убиство, а убиени биле 22 лица. Најголем број убиства досега е регистриран во 2003 година – 75.

Лани најмногу убиства се извршени на подрачјето на Скопје – осум, потоа по две во Штип, Тетово и Куманово и по едно во Радовиш, Кратово, Велес, Демир Хисар, Гостивар и Кавадарци. Досега се расветлени 15 убиства, а неразјаснети останаа пет убиства, сите на подрачје на Скопје.Жртви на овие кривични дела биле 22 лица, од кои 15 од машки и седум од женски пол. Во два случаи се работи за двојни убиства, односно лишени се од живот по две лица. Најмладата жртва годинава било осумгодишно дете, кое е убиено од страна на неговиот татко, додека најстарата жртва е 71-годишна старица усмртена од нејзиниот син.

По извршување на четири убиства, сторителите си го одзеле животот (три од овие убиства се извршени во кругот на семејството од блиски роднини на жртвата).

Што се однесува до мотивите за извршување на убиствата, најголем број од нив, односно седум се извршени во кругот на семејството, поради нарушени меѓусемејни односи (тројца татковци лишиле од живот два сина и една  ќерка, син-мајка, сопруг-сопруга, едно братоубиство, а едно лице, кое било психички растроено си ги убило својата мајка и сестра). Две убиства се извршени поради претходно настанати расправии, по едно поради нерасчистени имотно-правни односи помеѓу соседи, при извршување на разбојништво и на кражба, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top