Една католичка калуѓерка се породила во болница во италијанскиот град Риети, иако „не била свесна“ дека е бремена. Калуѓерката чиј идентитет не се соопштува, има 31 година и по потекло е од Салвадор, Централна Америка.
Младата мајка своето машко бебе го крстила Франциско, според името на сегашниот папа.
Веста дека една калуѓерка станала мајка предизвика голем интерес во италијанската, но и во европската јавност, па стотици новинари и репортери допатуваа во Риети. Градоначалникот на ова место кое има 47.000 жители, меѓутоа, побара од медиумите да имаат почит кон младата мајка и кон нејзиното новороденче. Тој ги повика локалните хуманитарни организации да соберат пари и облека за да им се
помогне на мајката и на бебето.
Калуѓерката во средата паднала во бессознание од силни болки во стомакот,а кога итно ја префрлиле во болница. Лекарите утврдиле дека таа е бремена и дека започнало породувањето.
Нејзините другарки од локалниот манастир, каде калуѓерките се грижат за сместените стари луѓе, тврдат дека со изненадување ја примиле веста за породувањето.
Еден од раководителите на манастирот им изјави на италијанските медиуми дека тој сепак „верува оти калуѓерката не била свесна за бременоста“.
Таа самата им рекла на лекарите во болницата дека чувствувала повремено болки во стомакот, но дека „немала поим оти ќе стане мајка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)