| четврток, 6 декември 2018 |

Со нас никогаш не е досадно, Македонија специјалист за инфаркт мечеви

Мечевите на Македонија никогаш не се досадни, а Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и останатите ракометари во „жолто-црвено“ се специјалисти за инфаркт мечеви. Понекогаш ќе загубат, често и победуваат, можеби ќе одиграат и послабо, ама не е досадно, се дел од коментарите на ракометните фанови, по специјализираните форуми и ракометни интернет портали.

И вчера беше така против Австрија, кога се тенчеа нервите, особено во финишот, а овојпат среќата беше на наша страна. Кирил Лазаров не греши двапати во трилер ситуации на големите натпреварувања, и со гол на 30 секунди до крај ни донесе победа од 22-21.

jonoski

„Македонија не зне да одигра досаден меч. Срцето одлучи, а победата е заслужена“, е коментарот на навивач на еден од српските сајтови.

Така беше и против Чешка претходно во второто коло во Хернинг, а антологиски е дуелот против Данците, но не на овој турнир, туку на претходното Европско првенство. Во Белград на 17 јануари, во шокантна завршница, Данците во неверојатен финиш, ни направија победничка акција за само 6 секунди и не победија, со што си го отворија патот до златниот медал.

navivaci

Нилкас Ландин му го одбрани ударот на Лазаров, и се понатаму се одвиваше како на филм. До крајот останаа само 6 секунди, беше нерешено, а топката среќно му падна в раце на Тофт Хансен, кој во пад, преку себе ја префрли до Микел Хансен, а овој во контранапад го најде осамениот Линдберг кој со гол во последната секунда ни ги скрши срцата.

Можеби беше трагично, но секако не и досадно, туку напротив екстремно возбудливо и тогаш во Белград и вчера против Австрија во Хернинг и многупати претходно на големите натпреварувања.

 

Пишува: Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top