| четврток, 6 декември 2018 |

Инвентивно и оригинално пијано на македонскиот дизајнер Апостол Тноковски (ФОТО)

Македонскиот индустриски дизајнер Апостол Тноковски, чии инвентивни и оригинални концепти последните години беа објавени во многубројните интернационални магазини како „Вог“, „Плејбој“, „Нешнл географик“...

Овој пат Апостол го претставува неговиот нов дизајн на пијано наречено „Wave“, кое плени со својот навидум едноставен изглед. Кратко кажано, дизајн кој не може да ве остави рамнодушни.

01 Wave Black persp1

На прв поглед се забележуваат фино брусените метални ногарки кои наликуваат на бранови и смирено и елегантно се простираат во должина.

04 Wave Black side

За да се задржи веќе почнатиот правец и футуристички изглед, црно обоеното високосјајно тело на пијаното доследно ја следи формата на целокупниот дизајн и замисла.

02 Wave Black top

Апостол Тноковски инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет, а при креирањето на концептите често користи органски форми.

Apostol Tnokovski

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top