Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ го најавува курсот за дизајн на амбалажа за деца на возраст од 9 до 13 години. Курсот ќе трае 12 недели и ќе се реализира според методологијата на дизајн размислување во која децата ќе развиваат дизајнерски пристап на размислување.
Преку практична работа, изнаоѓање на конкретни решенија за постоечки производ (проблем) овој метода на работа се нарекува и „креативна пракса“, која сѐ уште не е застапена во конвенционалното образование.
За да се добие една нова генерација на иноватори, дизајнери и креативни умови, потребно е од најрана возраст децата да се насочат кон изнаоѓање на конкретни и применливи креативни решенија.
На кратко, овој курс каде младите креативци ќе ги поминат сите фази над дизајн размислување и ќе изработат прототип на амбалажа за познат производ. Подоцна, штом ќе се издизајнираат амбалажата и брендот, секое дете пристапува кон изготвување на сценарио за реклама за истиот производ. Снимањето на рекламата е во соработка со тимот на деца учесници, а финалните резултати ќе бидат јавно претставени во „Јавна соба“ во форма на саем на кој ќе бидат поканети менаџери од производни компании и секако ќе следи доделување на дипломи за завршен курс по дизајн на амбалажа.
Курсот за дизајн на амбалажа на производ и промоција се изведува во форма на практично образовние, базирано на решавање на реален проблем низ иновативно размислување и работа, и е предвиден за учесници на возраст од 9 до 13 години. Наставата ќе се одвива секој четврток од 17.30 до 19.30 часот, во периодот од 1 март до 17 мај, на англиски јазик и под менторство на Ина Михајлова во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Центарот „Јавна соба“ е независна платформа за дизајн и неформлано образование кое соработува со светски центри и индивидуалци на полето на дизајн образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.