Овој пат Апостол го претставува неговиот нов дизајн на пијано наречено „Wave“, кое плени со својот навидум едноставен изглед. Кратко кажано, дизајн кој не може да ве остави рамнодушни.
На прв поглед се забележуваат фино брусените метални ногарки кои наликуваат на бранови и смирено и елегантно се простираат во должина.
За да се задржи веќе почнатиот правец и футуристички изглед, црно обоеното високосјајно тело на пијаното доследно ја следи формата на целокупниот дизајн и замисла.
Апостол Тноковски инспирацијата за својата работа ја црпи од водниот свет, а при креирањето на концептите често користи органски форми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.