Најпознатиот турски кошаркар во НБА лигата, Хидо Туркоглу, наскоро би требало да потпише договор со екипата на Лос Анџелес Клиперс, судејки спрема тренерот Док Риверс.
Кога беше прашан дали Туркоглу ќе стане дел од тимот, Риверс рекол:
– Ќе ви кажам само дека сме многу заинтересирани за него. Тоа е се што можам да кажам за сега.
Туркоглу оваа сезона одигра 11 натпревари, дел поради повреда, а дел поради забраната од 20 меча поради користење на недозволени супстанции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


