| четврток, 6 декември 2018 |

Позицијата лев бек рак-рана за Македонија и Стојчевски се повреди

Повредата во првиот дел на Никола Стојчевски, кој со болна гримаса на лицето го напушти теренот во Хернинг, само ги продолжи малерите во репрезентацијата на Македонија. Играчот на шведски Редбергслид е третиот ракометар што игра на левата бековска позиција, што се повреди пред или за време на ЕП во Данска.

Пред него поради повреди на пат за Данска, воопшто не тргнаа Наумче Мојсовски и Филип Лазаров. Стојчевски го повреди бутниот мускул на десната нога во 20 минута, и потоа воопшто не влезе во игра. Неизвесно е дали тој ќе може да настапи во продолжението од ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top