Шампионите од минатата година на Отвореното првенство на Австралија Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка на официјалната ждрепка пристигнаа со транвај. Мелбурн од понеделник ќе биде центар на тенисот каде што почнува првиот гранслем-турнир оваа година.
Новак е втор носител и имаше голема среќа при извлекувањето на противниците на патот до финалето.
Тој турнирот го почнува против словакот Лацко, кој е 90. на АТП-листата.
Рафаел Надал, кој е прв носител, треба да помине низ вистински пекол за да стигне до финалето. Тој во првото коло го доби домашниот тенисер Бернард Томиќ, кој ќе ја има целосната поддршка од трибините. До финалето како можни противници на тенискиот рекет број еден се Монфис, Хјуит, Дел Потро, Мареј, Федерер.
Во женскиот дел од ждрепката првата носителка, Американката Серена Вилијамс, за противник доби тенисерка што ќе добие вајлд карта од организаторите. Поголемите тешкотии за Вилијамс почнуваат дури во четврфиналето кога противник може да ѝ биде кинеската тенисерка На Ли. Во истата страна од ждрепката се наоѓаат Анжелик Кербер, Петра Квитова, Сабине Лисицки.
Втората носителка Викторија Азаренка турнирот ќе го отвори против анонимната тенисерка Јоана Ларсон. До полуфиналето бранителката на титулата ќе треба да се сретне со некогашниот рекет број еден Каролина Возњацки, Јелена Јанковиќ, Франческа Скиавоне. Во овој дел од костурот се наоѓаат и нерангираните тенсиерки Андреа Петковиќ и Кристина Младеновиќ, кои може да и направат проблем на Азаренка. Марија Шарапова е најголемата пречка за Азаренка на патот до финалето и обидот за повторувањето на успехот од минатата година. Тие две треба да се сретнат во полуфиналето.
Турнирот започнува во понеделник и следните две недели ќе бида вистинско уживање за љубителите на белиот спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.