| четврток, 6 декември 2018 |

Осум месеци затвор за шлаканица на расплакано бебе

hendli

Поранешен високопозициониран службеник на американската компанија „АГЦ Аероспејс и Дефенс“ (AGC Aerospace&Defense) е осуден на осум месеци затвор бидејќи во тек на лет му удрил шлаканица за расплакано момченце и го нарекувал со погрдни имиња бидејќи било црнче, додека неговата адвокатка инцидентот го припишала на алкохолизраната состојба поради емоционалната болка, пренесува „Макфакс“.

Како што пренесува во вторникот „Ројтерс“, 61-годишниот Џо Рики Хандли, кој ѝ се извинил на мајката на момченцето, во февруари 2013 година му влепил шлаканица тогаш на 19-месечното момченце во авион на компанијата „Делта ерлајнс“ на летот од Минеаполис за Атланта.

– Многу ми е жал. Најлошиот ден во животот го направив уште полош и за себе и за другите – рекол Хандли. Тој на пат за Атланта бил за својот син, кој умирал, да го исклучи од апаратите за одржување во живото. Адвокатката објаснила дека бил емотивно скршен и во поднапиена состојба. Обвинителството предлагало шестмесечен затор, но сепак судијата се решил за построга казна.

– Немате правo да кренете рака на друго човечко суштество – рекол судијата образложувајќи ја својата одлука. Притоа, како околност при донесување на пресудата е земен и фактот дека Хандли и претходно имал пресуда за насилно однесување.

Џесика Бенет, белка, која го посвоила црното машко бебе, пред судот изјавила дека личната трагедија на Хандли не е изговор за насилството. Таа и нејзиниот сопруг пред години, на ист начин како Хандли, го загубиле своето новороденче.

– Меѓутоа, не реагиравме насилно на нашата болка – додала Бенет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top