По забраната која важеше со децении, Куба дозволи увоз на нови возила, пишува „Дојче веле“. Владата во Хавана соопшти дека секој Кубанец може слободно да купи ваков автомобил. Тоа досега им беше дозволено само на дипломатите, на странските фирми или на некои од државните службеници. Останатите мораа да се задоволат со автомобили произведени пред кубанската револуција во 1950. година или возила увезени од Советскиот сојуз во 1970-тите и 1980-тите.
Од денеска државните претпријатија ќе увезуваат атомобили и ќе им ги продаваат со 20 процентен данок на фирми, кои ќе ги препродаваат со повисока цена за осум проценти и десет отсто специјален данок. Сето тоа ќе ја зголеми крајната цена на увезените автомобили за околу 40 проценти.
Куба нема автомобилска индустрија. Досега, на пример, цената на „Москвич 2140“ во добра состојба, советски модел чие производство запре во 1988. година, достигнуваше девет илјади долари. Од друга страна, просечната месечна плата во земјата изнесува околу 20 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


